< img height="1" width="1" style="display:none" src="https://www.facebook.com/tr?id=934466000505218&ev=PageView&noscript=1" /> Privacy Policy | TECNO Smartphones

Privacy Policy

Политика за приватност на TECNO

Ажурирано на: 5 јули 2021 година

Датум на стапување во сила: 15 јули 2021 година

 

TECNO MOBILE LIMITED и неговите глобални подружници (глобалните подружници се компании поврзани со TECNO MOBILE LIMITED преку заедничка сопственост или контрола, колективно наречени „TECNO“, „ние“, „нас“ или „наше“) целосно ја почитуваат вашата приватност и ќе ги вложат сите можни напори за заштита на безбедноста на вашите лични податоци. Ние може да ги собираме, користиме или на друг начин да ги обработуваме вашите лични податоци врз основа на ваша соглсност или во согласност со соодветните одредби од важечките закони и прописи за време на вашето користење на софтверот или услугата на TECNO. Оваа политика за приватност (во понатамошниот текст именувана како „Политика“) е наменета да ви помогне да разберете како ги собираме, користиме, обелоденуваме, обработуваме и заштитуваме вашите лични податоци во однос на вашето користење на производите или услугите на TECNO, вашите права во однос на личните податоци што ни се обезбедени нам и како ги заштитуваме вашите права. Оваа политика се однесува на сите уреди, веб-локации и онлајн апликации на TECNO што се однесуваат на оваа политика или се поврзани со неа (колективно, нашите „Услуги“), без оглед на тоа дали користите компјутер, мобилен телефон, таблет или телевизор за пристапување до нашите услуги. Со оглед на многуте производи и услуги на TECNO, оваа политика може да не ги опфати сите сценарија за собирање и користење на личните податоци. Неа може да ја дополниме преку политиката за приватност на конкретните производи или услуги или на друг начин да ве известиме кога ќе ги собираме вашите податоци. На пример, во зависност од типот на производи или услуги на TECNO што ги користите, како и земјата каде што се наоѓате, начинот на којшто ги собираме и користиме вашите лични податоци може да се разликува за различни производи и услуги. За определен производ или услуга на TECNO може да важи некоја конкретна политика за приватност со дополнителни информации за приватноста што се наведени во неа. Кој било дел што не е опфатен со таквата конкретна политика за приватност на определениот производ или услуга на TECNO ќе биде предмет на содржината на оваа политика.

Важно е да се напомене дека оваа политика не се однесува на услугите што ви ги обезбедуваат други трети страни. Може да примите врски, содржини, производи или услуги што ги обезбедуваат трети страни. Внимателно изберете дали ќе пристапите до нив. Ве поттикнуваме внимателно да ги прегледате политиките за приватност на кои било трети страни до коишто пристапувате пред да поднесете какви било лични податоци.


Избравме да користиме вообичаен јазик за да се осигуриме дека целосно ќе ја разберете оваа политика и дека ќе донесете ваши сопствени одлуки. Исто така ги означивме или нагласивме клучните термини со задебелени или големи букви за да им посветите внимание. Исто така ​преку појавен прозорец ќе ве известиме кога првпат ќе ја користите нашата услуга за да ви помогнеме да ги разберете основните термини на оваа политика.


Пред да ги користите нашите производи или услуги, да ни ги давате вашите лични податоци нам или да ни дозволувате да ги собираме вашите лични податоци, внимателно прочитајте ја оваа политика за да ги разберете нашите практики во однос на вашите лични податоци и често пристапувајте до нејзе за да ги разберете ажурирањата на оваа политика. Ако ја ажурираме оваа политика, ќе ве известиме преку објави во производот или веб-локацијата за да ви кажеме за промените што сме ги направиле. Доколку пристапувате до нашите услуги или ги користите истите откако сме дале такво известување, ќе се смета дека ста ја прифатиле ажурираната политика за приватност. Времето на најновото ажурирање можете да го проверите на„Датумот на стапување во сила“ објавен на горниот дел од политиката за приватност.


Ако имате какви било прашања, слободно контактирајте со нас на следниве начини:


privacy@transsion.com


Оваа политика за приватност ќе ви помогне да ги разберете следниве содржини:


  • I.Како ги собираме и користиме вашите лични податоци
  • II.Како користиме колачиња и слични технологии
  • III.Како ги складираме и заштитуваме вашите лични податоци
  • IV.Како ги споделуваме, префрламе и обелоденуваме вашите лични информации и податоци
  • V.Како вашите лични податоци се префрлаат во други земји
  • VI.Вашите права околу вашите лични податоци
  • VII.Како постапуваме со личните податоци на деца
  • VIII.Даватели на услуги и услуги од трети страни
  • IX.Дополнување и ажурирање на политиката
  • X.Заеднички контролор
  • XI.Како да контактирате со нас

I.Како ги собираме и користиме вашите лични податоци

TECNO силно верува дека основните права на приватност не треба да се разликуваат во зависност од тоа каде живеете во светот. Какви било податоци во врска со некој препознаен поединец или поединец што може да биде препознаен, особено во однос на името, идентификацискиот број, податоците за локацијата и онлајн идентификаторот на поединецот или во врска со еден или повеќе фактори што се однесуваат на физичката, физиолошката, генетичката, менталната состојба на тоа физичко лице, TECNO ќе ги третира како „Лични податоци“, без оглед на тоа каде живее таквото физичко лице.


Ние ги собираме само податоците што се неопходни за специфични, конкретни, експлицитни и легитимни цели и ќе обезбедиме податоците да не бидат дополнително обработувани на начин што е некомпатибилен со тие цели. Вие имате право да изберете дали да ги дадете личните податоци или не кога ги користите производите или услугите на TECNO или кога ние сме го побарале тоа. Од вас не се бара да му ги дадете вашите лични податоци на TECNO, но во некои случаи, ако изберете да не го правите тоа, нема да можеме да ви обезбедиме поврзани производи или услуги, ниту ќе можеме да одговориме или да ги решиме проблемите коишто сте ги сретнале. Ќе ги собираме и користиме вашите лични податоци само за целите што се опишани во оваа политика. Следново ги опишува вашите лични податоци што ги собираме:


1.Лични податоци што ги собираме

1.1Податоци што ни ги обезбедувате директно нам

За да ви овозможиме да пристапите до карактеристиките и услугите на нашиот производ, ќе побараме да ги обезбедите неопходните лични податоци. Следуваат неколку примери:


(1)Податоци за сметката. Кога се регистрирате за производите или услугите на TECNO како што се правење сметка на APP, учество во интеракциите на форумот на заедницата, можеби ќе треба да го дадете следново: вашите телефонски број, име, прекар, слика на профил, датум на раѓање, националност, возраст, адреса за е-пошта, фотографии, градот каде што се наоѓате, како и други потребни податоци, во зависност од карактеристиките на различните производи или услуги; За попрактично да се најавувате на соодветниот систем, како што е со користење отклучување со препознавање лице или со отпечаток од прст за брзо најавување, можеби ќе треба да ги обезбедите соодветните биометриски податоци за лице или отпечаток од прст;


(2)Податоци за нарачката. Кога ги купувате нашите производи или услуги онлајн или офлајн, со цел да се обезбеди производите или услугите да може точно и навремено да ви бидат доставени, може да побараме од вас да ни дадете податоци како што се името на примателот, податоци за сметката, идентификациски број, телефонски број, поштенски код, адреса за испорака и наплата, како и податоци за кредитната картичка, со цел да се обработи вашата нарачка;


(3)Податоци по продажбата. Кога ви треба да ви обезбедиме услуга по продажбата или корисничка поддршка или кога сакате да решиме проблем што сте го сретнале при користење на производите или услугите, можеби ќе треба да ни обезбедите податоци како што се вашето име, телефонски број, податоци за уредот, адреса за испорака и наплата, описи на проблемот при пополнување на гаранциската картичка/електронската гаранциска картичка или да ни дадете повратни информации за проблемот;


(4)Други податоци што ни ги обезбедувате. На пример, кога учествувате во нашите промотивни активности, како што се наградни натпревари, наградни квизови и истражувања со пробни тестови, можеби ќе треба да ги обезбедите вашиот прекар, сликата на профилот, името, телефонскиот број и други потребни податоци согласно различните сценарија.


1.2Податоци што ги добиваме за време на вашето користење на нашите производи или услуги

Личните податоци што ги собира TECNO зависат од тоа на кој начин имате интеракција со TECNO. За време на вашето користење на производите или услугите на TECNO, како што е потребно за да ви ги обезбедиме производите или услугите, ќе ги собираме неопходните податоци со ваше овластување или согласност, вклучително и:


(1)Податоци за уредот или податоци поврзани со SIM-картичката. Со оглед на тоа што определени услуги ќе бидат за определен тип на уред, во процесот на активирање на некој бизнис и користење на уредот, може да собираме податоци поврзани со уредот во процесот на активирање на таквата услуга или користењето на таквиот уред, како што се името на уредот, моделот на уредот, бројот IMEI (меѓународниот идентитет на мобилната опрема), бројот GAID (рекламниот идентитет на Google), бројот IMSI (меѓународниот идентитет на мобилен претплатник), IP-адреса (адреса на интернет протокол), Mac-адреса (контролна адреса за пристап до медиуми), SN (сериски број на производот); верзија и тип на hiOS, CPU ID, број на верзија, верзија на ROM (меморија само за читање), верзија на Android, Android ID, Space ID, јазик на системот, поставки на мобилен за земја или регион, географска ширина и географска должина на телефонот, податоци за производителот на уредот и име на моделот, основни податоци и статус за конфигурирање на хардверот на уредот, мрежен оператор и тип на мрежно поврзување, информации за картичката за уред или корисничка идентификација (модул за претплатнички идентитет).


(2)Податоци од записник. Кога ги користите нашите производи или услуги, ние може да собираме определени информации и да ги складираме во датотеки за записник, како што се времето на пристап до услугата, зачестеноста на пристапите, времето на користење, привремените историски пораки, стандардните системски записи, податоците за настан (грешки, падови, рестартирања, надградби), користењето податоци и другите податоци од записникот генерирани преку користењето на услугите.


(3)Податоци за локацијата (важи само за конкретни услуги). Кога треба да користите определени услуги засновани на локацијата, како што е користење софтвер за навигација, проверка на временските услови во некоја географска локација, враќање на локацијата на вашиот телефон, споделување на вашата географска локција со други лица. Ние може, со ваша согласност, да собираме и обработуваме приближни или прецизни и точни податоци за фактичката локација на опремата што ја користите, како што се идентификаторот на заедницата, кодот за област на локацијата, кодот на областа за следење, кодот на областа на рутер, мобилниот код на земјата, мобилниот мрежен код, фреквенцијата, податоците за географската ширина и географската должина, поставките за временските зони, кодот на земјата или областа, името на градот и поставките за јазикот. Без сомнеж, освен ако не дадете согласност или за да се придржуваме до некое правно барања од страна на соодветната земја или регион, ние нема да продолжеме да ги собираме податоците за вашата локација за да го препознаеме местото каде што се наоѓате. Можете да го ограничите пристапот до податоците за локација на секоја апликација, во кое било време, директно на вашиот мобилен уред преку „Поставки“ > „Локација“ (патеките може да се разликуваат за различните верзии)


(4)Податоци за колачиња. Нашите веб-локации, интерактивни апликации, производи и реклами на TECNO може да користат технологии како што се колачиња, пиксел ознаки и веб проверки за собирање и складирање на вашите релевантни лични податоци.


(5)Податоци во однос на вашето користење на апликациите. Кога користите апликации, ние може да собираме податоци поврзани со вашето користење на апликацијата, како што се основни информации за апликацијата (на пример, список на апликации, ИД на апликација), податоци за SDK (прибор за софтверски развој), поставки за ажурирање на системот, поставки за апликацијата (на пример, поставки за регионот, поставки за јазикот, поставки за временската зона, фонтови), време на пристапување до апликација и излегување од неа, запис за состојба на апликацијата (на пример, преземање, инсталирање, ажурирање, бришење).


(6)Здравствени податоци. Кога користите определени спортски производи како што е услуга за спортска медицина, ние може да собираме податоци поврзани со вашиот здравствен статус, вклучувајќи ги вашите физички и ментални состојби, како што се вашиот пол, висина, тежина, датум на раѓање, отчукување на срцето, пулс и чекори.


(7)Гласовни податоци. Кога користите гласовни команди за контролирање на некоја определена услуга, ние може да го зачуваме гласот што сте го снимиле на нашите сервери. Ако работиме со давател на услуги од трета страна, што ни обезбедува услуги за претворање говор во текст, таквите даватели на услуги од трета страна може да примаат и зачувуваат определени гласовни команди.


(8)Податоци од трета страна. Ние може да ги собираме и користиме податоците што се специфични за вас и што може да се назначени од даватели на услуги и деловни партнери од трета страна, на пример, вашиот ИД за рекламирање што е назначен од трета страна.


(9)Други лични податоци. Различни типови од вашите лични податоци може да се добијат за различни типови производи или услуги. За личните податоци што не се опфатени со оваа политика, соодветниот производ или услуга ќе ве извести за вашите лични податоци што може да се собираат преку конкретната политика за приватност на соодветниот производ или услуга или преку известување или на друг начин и ќе добие ваша согласност пред нивното собирање.


1.3Податоци добиени од други извори

Таму каде што е дозволено со закон, може да ги добиеме вашите лични податоци од други поединци, деловни субјекти, јавни канали или други трети страни што настапуваат според ваши насоки, наши партнери што соработуваат со нас за да се обезбедат нашите производи и услуги и ни помагаат околу безбедноста на податоците и околу спречување измами, како и од други законски извори. Следуваат неколку примери:

(1)Кога користите услуги за социјални мрежи на трети страни или претходно инсталирани апликации на трети страни, ние исто така може да ги добиеме вашите лични податоци од овие услуги или апликации;

(2)ние може да ги собираме и користиме податоците што се специфични за вас и што може да се назначени од даватели на услуги и деловни партнери од трета страна, на пример, вашиот ИД за рекламирање што е назначен од трета страна;

(3)за определени услуги што може да вклучуваат сметка и финансиски трансакции, со ваше овластување, исто така може да ги потврдиме податоците што ги давате, како што се телефонскиот број преку легитимна трета страна за безбедносни цели и цели за спречување измами;

(4)кога им давате насоки на трети страни да споделуваат податоци со TECNO, на пример, можете да му дадете насоки на вашиот мобилен опрератор да споделува податоци за вашата сметка со нас поради активирање сметка;

(5)податоците за вас што други ни ги имаат обезбедено, на пример кога други трети страни купуваат производи за вас преку нашата услуга, тие ќе ни ја обезбедат вашата адреса за испорака.

Ќе ви го објасниме тоа вам во времето на собирање на горенаведените податоци и ќе добиеме ваша согласност. TECNO исто така може да користи други методи за собирање други податоци за вас, вашиот уред или вашето користење на услугите, што ќе ви се објасни вам во времето на собирањето и ние ќе добиеме ваша согласност.

За истражувачки цели ние може да користиме комплети податоци што содржат различни типови податоци што може да се поврзат со некој препознатлив поединец. Кога добиваме такви комплети податоци, ние ќе ги собираме во согласност со важечките закони (вклучувајќи ги законите во законодавството во кое се хостираат комплетите податоци). Нема повторно да препознаваме поединци од таквите комплети податоци, ниту ќе се обидуваме да го правиме тоа кога користиме такви комплети податоци за истражувачки и развојни цели.

1.4Собирање и користење податоци од нелична природа

Исто така може да собираме други типови податоци што немаат директна или индиректна поврзаност со определени поединци. Во согласност со важечките локални закони, овие податоци може да не бидат дефинирани како лични податоци. Подолу ќе ви дадеме примери за такви податоци. Имајте предвид дека овој податок без каков било личен идентитет не може да се користи за препознавање на некој поединец. Целта на нашето собирање е да разбереме како ги користите нашите производи и услуги и постојано да ги подобруваме нашите услуги за подобро да ги исполниме потребите на корисникот врз основа на таквите податоци. Со оглед на тоа што кај овој тип податоци не се работи за лични податоци, ние ќе одлучиме како да ги собираме, користиме, обелоденуваме и префрламе таквите податоци од нелична природа. Само кога таквите податоци од нелична природа се користат во комбинација со други податоци за препознавање на определено физичко лице или кога се користат во комбинација со лични податоци, овие податоци ќе се сметаат за лични податоци. Во овој случај ќе го анонимизираме и оневозможиме препознавањето на овој тип податоци, освен ако не добиеме ваша согласност или ако тоа не е поинаку регулирано согласно законите и прописите.


(1)Статистиката за продажбата на уреди и производи и разните податоци за статистичко резимирање, како што се големината на екранот, врзијата на уредот, времето за регистрирање, податоците за верзијата.


(2)Статистичките податоци генерирани кога инсталирате, користите, деинсталирате некоја конкретна услуга и/или апликациите што ги содржи, како што се податоците поврзани со уредот што не може да се препознаат, посетите на веб-локацијата, преземањата, дневните настани за користење, настаните со пристап до страница, настаните со време за пристап до страница и настаните на сесиите, користењето на името APK на апликациите, верзијата на апликацијата, користењето на апликацијата, времињата на отворање, податоците за падови, користењето податоци за апликациите.


(3)Барањата и извршувањето на серверските команди, како што се податоците за ИД на команда, бројот на верзијата на оперативниот систем, бројот на верзијата на софтверот, бројот на верзијата на командата.


(4)Податоците за мрежно следење, како што се времето на барањето, бројот на барањето или барањето за грешка;


(5)Кога корисниците користат поле за известување за добивање известувања, како што се верзија на оперативниот систем, верзија на командата за ИД на задача, име на пакет за известување, тип на известување, состојба на известување;


(6)Податоците на Phone Launcher, како што се ИД на апликацијата, името на апликацијата, името на APK, верзијата на APP, параметрите на прегледувач UA, типот на уред, типот на мрежно поврзување.


(7)Собирањето податоци за апликацијата, како што е настан за стартување на апликацијата, настан за пад на апликацијата (на пример, записи што автоматски се генерираат по падот на апликацијата), настан за инсталирање на апликацијата, настан за деинсталирање на апликацијата, информации за користењето на батеријата, приспособувања за осветленоста.


Треба да се нагласи и повтори дека поради големиот број производи и услуги, содржините и сценаријата на личните податоци што се собрани од страна на TECNO како што се наведени тука не може да ги опфатат сите наши деловни сценарија. За кој било дел што не е вклучен во оваа политика, ќе го дополниме со наведување на тоа во политиката за приватност на конкретните производи или услуги или преку известување или на друг начин кога ги собираме податоците во определени деловни сценарија.


2.Цел за користење на личните податоци

Кога треба да ги исполниме нашите обврски кон вас согласно одредбите за користење и/или договорот за услугата или кога сметаме дека е неопходно да се заштитат нашите легитимни интереси или легитимните интереси на трета страна по нашата проценка, со ваша согласност, може да ги обработуваме вашите лични податоци за целите опишани во оваа политика. Исто така може да ги обработуваме вашите лични податоци за усогласеност со важечките правни обврски и за нивно спроведување. При користењето на вашите лични податоци, строго ќе се придржуваме до содржините во оваа политика и до нејзините ажурирања.


2.1За да ви обезбедиме услуги за регистрирање и услуги за управување со сметката. Ќе ги користиме основните податоци што сте ги пополниле за време на регистрирањето за да ви се обезбедат соодветните услуги за регистрирање и последователните услуги за управување со сметката.


2.2За да се обезбедат корисничка поддршка и поврзаните услуги за вашето купување и за активностите по купувањето. На пример, можеби ќе треба да ги обезбедите неопходните податоци кога ви нудиме услуги за испорака, гаранциски услуги, техничка поддршка или брзо да ги лоцирате и поправите постоечките абнормални проблеми преку повратни информации за извештаите за грешка.


2.3За да ви се обезбедат услуги за податоци за вашите потреби или интереси. На пример, ние или некоја трета страна може да ги користиме податоците за вашата локација за да ви дадеме известувања за временската прогноза, географската навигација за локацијата, како и други поврзани услуги за известување; може да ги користиме вашите лични податоци, да ги анализираме вашите навики за користење и преференци за однесување и да ви обезбедиме услуги за претставување известувања или содржини врз основа на вашата согласност.


2.4За да продолжиме да ви обезбедуваме подобри производи и услуги, може да ве поканиме да учествувате во нашите програми за подобрување на производите и во програмите поврзани со корисничкото искуство или во интерактивните активности. Откако ќе се придружите во нашите програми или активности, ние може да ги собираме вашите неопходни лични податоци како што се мобилните телефонски броеви (претежно се користат за истражување и навраќање), податоците за уредот, податоците за оперативното однесување, податоците за локацијата и податоците за најавувањето за статистичка анализа, со цел постојано да ги подобруваме и оптимизираме производите и да обезбедиме подобро корисничко искуство.


2.5За да спроведеме релевантни комерцијални промотивни активности. Ако учествувате во некој награден натпревар, натпреварување или слична промоција, може да ги користиме податоците што ни ги давате за да ги спроведеме тие програми. Ако повеќе не сакате да примате определени типови промотивни материјали, може да се откажете преку начинот што е даден во пораката (на пример, врската за откажување на долниот дел од пораката), освен ако не е поинаку наведено во важечките закони. Ќе имате повеќе информации во делот „Вашите права околу вашите лични податоци“ подолу.


2.6За обезбедување услуги засновани на локацијата. Кога ги користите услугите на hiOS, исто така може да ги користиме податоците за локацијата за да ви ја обезбедиме услугата, како и прецизни детали за таа локација за најдоброто можно корисничко искуство, на пример, детали за временската прогноза, пристап до локацијата (како дел од платформата Android). Можете да ги исклучите услугите за локација во опцијата „Податоци за локацијата“ во „Поставки“ или да ги исклучите услугите за локација на некоја апликација во кое било време.


2.7За да ги користите функциите за безбедност и одржување на системот во апликацијата за безбедност, на пример, безбедносно скенирање, штедач на батеријата, листа за блокирање и чистач.


2.8За да се обезбеди услуга за push и за известувања со цел проценување на перформансите за рекламирање и за испраќање известувања од услугата hiOS за софтверските ажурирања или објавите за нови производи, вклучувајќи податоци за продажбата и промоциите, ние ќе ги собереме податоците што се релевантни за апликацијата (на пример, ИД на верзијата на апликацијата, име на APK) и податоци релевантни за уредот (на пример, тип на модел, бренд). Може да ги користиме вашите лични податоци за да ви испраќаме push-пораки што ги нудат или рекламираат нашите производи и услуги и/или избрани производи и услуги на трети страни. Ова се прави само со ваша согласност, каде што се бара според важечките закони. Можете да се откажете од примање маркетиншки известувања од нас и од трети страни во секое време, преку менување на вашите преференции во опцијата „Апликација и известување“ во „Поставки“ или преку управување со вашите преференции преку апликација/веб-локација на трета страна користејќи TECNO push. Подолу можете да добиете повеќе податоци за делот „Вашите права околу вашите лични податоци“.


2.9За да обезбедите персонализирани услуги и содржини, вклучувајќи реклами. За подобра заштита на вашата приватност, не користиме уникатен идентификатор освен вашето име, е-пошта или други податоци преку кои може директно да бидете препознаени, со цел да ви обезбедиме персонализирани производи, услуги, рекламни и други активности. Може да направиме профили преку анализирање на податоците споменати погоре и преку правење сегменти (ставајќи ги вашите лични податоци во еден или повеќе сегменти). Ќе се спроведе насочено рекламирање со ваша согласност само до степенот што се бара со важечките закони.


Може да ги комбинираме податоците споменати погоре со други податоци (вклучувајќи податоци на различни услуги или уреди како што се компјутери, мобилни телефони и други поврзани уреди) за да ги обезбедиме и подобриме нашите производи, услуги, содржини и рекламирање. Вие имате право да се откажете од добивање персонализирани реклами и да одбиете корисничко профилирање во секое време, вклучувајќи ги анализата на препознавањето за директен маркетинг и автоматизираните цели за носење одлуки. За да ги примените овие права, можете да се откажете во секое време преку опцијата за откажување во соодветниот софтвер и производ.


II.Како користиме колачиња и слични технологии

1.Што се колачиња и слични технологии

Колачињата се мали текстуални датотеки што ние ги зачувуваме на вашиот мобилен уред за да обезбедиме нормално работење на овој софтвер и да обезбедиме вие да можете практично да пристапувате до него. Колачињата обично содржат идентификатори, имиња на веб-локации и определени броеви и знаци. Нашите веб-локации, онлајн услуги, интерактивни апликации, е-пошта и други услуги за известување може да користат колачиња и други слични технологии како што се пиксел ознаки и веб проверки. Општо земено, ние ги третираме податоците собрани од колачињата и сличните технологии како податоци од нелична природа затоа што не содржат никакви податоци што може да ве препознаат вас лично. Сепак, до степенот до којшто адресите за интернет протокол (IP) или сличните идентификатори се сметаат за лични податоци во законите на засегнатите земји, ние исто така ќе ги следиме и законите на засегнатите земји.


2.Зошто користиме колачиња и слични технологии

Ние и нашите партнери користиме колачиња или слични технологии за следење за подобро да го разбереме користењето на софтверот за мобилен на вашиот уред, да разбереме колку често ја користите апликацијата, да ги разбереме настаните што се случуваат во апликацијата, кумулативното користење, податоците за перформансите и од каде се презема апликацијата; ние и нашите партнери користиме колачиња или слични технологии за следење за да ги анализираме трендовите, да ја администрираме локацијата, да го следиме однесувањето на корисниците на локацијата и да собираме демографски податоци за нашата корисничка база како целина. На пример: ние може да соработуваме со трети страни за да прикажеме реклами на нашите веб-локации или за управување со нашите реклами на други веб-локации. Нашите партнери од трети страни може да користат колачиња или слични технологии за следење за да ви прикажеме реклами врз основа на вашата историја на прегледување и интереси.


Нема да користиме колачиња за никакви други цели освен за оние што се наведени во оваа политика. Можете да управувате со колачињата или да ги бришете истите согласно вашите преференции. Можете да ги избришете сите колачиња зачувани на вашиот мобилен уред преку опцијата „Поставки“ на соодветниот софтвер и производ (патеките може малку да се разликуваат за различен уреди и услуга) или можете да изберете да не бидете следени и да се откажете од рекламите врз основа на интересите преку бришење на сите колачиња или ресетирање на крајниот мобилен уред (бришење на содржините и податоците).


III.Како ги складираме и заштитуваме вашите лични податоци

1.Како ги складираме вашите лични податоци

Личните податоци што се собрани со ваша согласност ќе се складираат во согласност со законите и прописите за заштита на приватноста што се предмет на приватност на засегнатите земји. До степенот што не е забранет со локалните закони и прописи, исто така може да ги складираме собраните лични податоци во земјите или регионите надвор од земјата каде што се наоѓа бизнисот.


Моментално, TECNO може да ги складира вашите лични податоци во: Индија и/или Ирска.


Особено:


Личните податоци собрани и генерирани за време на нашето работење во Индија ќе се складираат на серверите што се наоѓаат во Индија.


Личните податоци собрани и генерирани во нашиот бизнис надвор од Индија ќе се складираат на серверите во Ирска.


Согласно деловните услови, може да користиме сервери во другите региони или земји во иднина и ќе ја ажурираме оваа политика во тоа време.


Без разлика дали ги складираме личните податоци во земјата каде што се наоѓа бизнисот или во други земји или региони, до степенот до којшто тоа не ги прекршува законите и прописите, ние ќе ги задржиме согласно релевантните закони и прописи за складирање на податоците. Ние истовремено ќе ги земеме предвид карактеристиките, опсегот и целта на обработувањето на личните податоци, ризиците што може да се сретнат при обработувањето, како и сериозните последици предизвикани од оштетување, итн. и ќе ги спроведеме неопходните безбедносни мерки. На пример, ќе користиме методи за шифрирање и деидентификување за складирање на собраните лични податоци. Исто така ќе ги чуваме податоците во најкраткиот период на складирање што е наведен со закон. Податоците што не се законски наведени ќе ги чуваме во согласност со најкраткиот период на складирање што се бара за бизнисите. За податоците што го надминуваат периодот на складирање или за податоците што барате од нас да ги избришеме, ќе ги избришеме наведените податоци соодветно или ќе преземеме други соодветни мерења без прекршување на соодветните закони и прописи.


2.Како ги заштитуваме вашите лични податоци

Ние ќе преземеме други неопходни мерки за заштита на безбедноста на вашите лични податоци и за спречување злоупотреба на податоците, неовластен пристап и неовластено изменување, обелоденување или уништување, итн.


Ние спроведуваме безбедносни механизми дизајнирани за заштита на вашите лични податоци и за редовно следење на нашите системи за можна ранливост и напади и користиме административни, технички и физички механизми за заштита на вашите лични податоци земајќи ги предвид типовите лични податоци, обработувањето и заканите. Постојано работиме на подобрување на овие заштитни механизми за да ги чуваме вашите лични податоци безбедни.


Како и да е, треба да ве потсетиме дека без разлика колку се совршени мерките, нема апсолутно никаква гаранција за избегнување да настанат безбедносни инциденти околу складирање на податоците. Ако дојде до настан со упад во податоците, ние ќе го пријавиме тоа кај соодветните регулаторни власти, како што се бара со соодветните закони и прописи и ќе го дадеме типот лични податоци што биле предмет на упадот, бројот на субјекти на податоците, можните последици од упадот и мерките за исправање на состојбата што имаме намера да ги преземеме согласно барањата на регулаторните власти. Ние ќе ги преземеме најдобрите можни мерки за поправање или ублажување на штетата и последиците од упадот во податоците. Кога е дозволено со законите и прописите, ние навремено ќе ве известиме за можните последици или за значителната штета за вас, со цел да можете веднаш да преземете соодветни мерки за заштита на вашите права, колку е тоа можно.


Не постои апсолутно безбедна веб-локација, пренос на интернет, компјутерски систем и безжични поврзувања. Како дополнение на неопходните заштитни мерки што ги имаме преземено, корисниците мораат да ја зголемат свесноста за безбедносните ризици околу приватноста. На пример, кога ќе пристапите до веб-локации од трети страни, врски, производи или услуги од нашите сервиси, за безбедноста на какви било податоци собрани од страна на тие веб-локации, врски, производи или услуги, внимателно прочитајте ги одредбите и условите на тие трети страни. Не преземаме никаква правна одговорност за проблемите околу безбедноста на податоците предизвикани од таквите трети страни. Ако дознаете дека определени содржини, реклами или функции на нашите веб-локации, производи или услуги може да се обезбедени од трета страна и потенцијално може да ги загрозат вашата приватност и безбедност, веднаш контактирајте со нас затоа што ние ќе постапиме во однос на тоа приоритетно, во согласност со законите и прописите.


IV.Како ги споделуваме, префрламе и обелоденуваме вашите лични информации и податоци

Кога ги споделуваме, префрламе и обелоденуваме вашите лични податоци, ние се придржуваме до принципите и барањата за минимизирањето, неопходност и законитост. Во нормални околности, ние не ги споделуваме, префрламе или обелоденуваме вашите лични податоци надворешно. Сепак, до степенот што е дозволен со важечките закони и прописи, ние може да ги споделуваме, префрламе и обелоденуваме вашите лични податоци во следниве ситуации:


1.Како ги споделуваме вашите лични податоци

Не споделуваме никакви лични податоци со трети страни. Со цел да ви обезбедиме навремени услуги, вашите лични податоци може да се споделуваат со компаниите соработници на TECNO. Ние ќе ги споделуваме вашите податоци со компаниите соработници на TECNO за легитимни и експлицитни цели и ги споделуваме само податоците што се неопходни за обезбедување на услугите и сме обврзани со целите наведени во оваа политика за приватност. Ако некоја определена цел не е вклучена во оваа политика, ние ќе го наведеме тоа во соодветната политика за приватност или во напомената за конкретниот производ или услуга.


Ние може да ги споделуваме неопходните лични податоци со овластените партнери од трети страни (вклучувајќи ги техничките даватели на услуги, давателите на услуги за складирање податоци, давателите на услуги по продажбата, давателите на услуги за маркетиншки промоции, давателите на услуги за SDK на трети страни итн.) за извршување определени функции или за да ви се обезбеди подобра услуга и подобро корисничко искуство. На пример, кога купувате производи на TECNO, TECNO можеби ќе треба да му ги обезбеди вашите релевантни лични податоци на давателот на услуги за логистика за организирање испорака, кога ви се обезбедуваат услуги по продажбата, можеби ќе треба да му ги обезбедиме вашите лични податоци на давателот на услугите по продажбата за да се понудат подобри услуга и поддршка. Ние се придржуваме до принципите за минимизирање, неопходност и законитост за спроведување на таквото споделување. Пред да споделуваме податоци, ние ќе потпишеме строги договори за доверливост со овластените партнери и ќе бараме од нив да преземат соодветни мерки за доверливост и безбедност при обработувањето на личните податоци во согласност со оваа политика и со важечките закони во вашето законодавство. Дополнително, исто така ќе побараме од нив да обезбедат способности за безбедност на податоците и квалификации за безбедност на податоците (на пример, проценка за заштита според степенот, систем за управување со безбедноста на податоците). Кога ќе вградиме SDK на некој овластен партнер или слични апликации во софтерот, веднаш ќе ве известиме и ќе бараме од давателот на услуги за SDK што ќе ги добие податоците да ја заштити безбедноста на вашите податоци.


За да се обезбеди проценка, анализа или друг вид ​деловни услуги, исто така може да ги споделуваме вашите податоци од нелична природа со трети страни. На пример, може да користиме збирни податоци за да им помогнеме на партнерите (на пример, на давателите на услуги за рекламирање) да ги разберат ефективноста, повратните информации и трендовите за користење на нивните услуги.


Во случај на спојување, преземање или ликвидација поради банкрот, префрлање на средства и друга поврзана трансакција, доколку е вклучено префрлање на некој личен податок, ќе бараме новиот субјект или организација што ги чува вашите лични податоци да продолжи да биде обврзан со оваа политика преку договор или други соодветни мерки и ќе бараме од таквиот субјект да преземе мерки за доверливост и безбедност од степен кој не е помал од барањата на оваа политика за обработување на личните податоци.


2.Како ги префрламе вашите лични податоци

TECNO нема да им ги префрли вашите податоци на ниту едни други страни, освен во следниве околности:


(1)Добивање ваша изречна согласност.


(2)Ако TECNO е вклучен во спојување, преземање или продажба на сите или на дел од неговите средства, што може да влијае врз вашите лични податоци, ние ќе издадеме важна напомена преку е-пошта и/или на нашата веб-локација или преку други соодветни методи за да ве известиме за какви било промени во сопственоста и во вашите права околу вашите лични податоци и околу сите избори што можеби ќе ги имате околу вашите лични податоци.


(3)Во случајот што ви е објаснет во оваа политика за приватност или за којшто сте биле известени на друг начин.


3.Како ги обелоденуваме вашите лични податоци

Согласно законските барања, правните процедури, парници и/или барања од владини сектори и власти, TECNO можеби ќе треба да ги обелодени вашите лични податоци. Ако е неопходно или соодветно обелоденување поради националната безбедност, спроведување на законот или други случаи од јавен интерес, ние исто така може да ги обелодениме податоците поврзани со вас.


Дополнително, може да ги споделуваме вашите лични податоци со:


(1)Нашите правници, адвокати, сметководители, ревизори или слични консултанти, кога ќе побараме од нив да ни дадат професионален совет.


(2)Инвеститорите и другите релевантни трети страни, доколку настанат фактичка или потенцијална продажба или други трансакции на компанијата и истите се поврзани со субјекти во рамките на групацијата TECNO.


Други трети страни, на пример, за обелоденување конкретни информации со ваше овластување.


V.Како вашите лични податоци се префрлаат во други земји

Како компанија што работи на глобално ниво, ние имаме ресурси или сервери во различни земји или региони ширум светот за поддршка на нашите производи и услуги. За подобро да ви се обезбедат услугите, за целите опишани во оваа политика и до опсегот дозволен со важечките локални закони и прописи и со ваша овластена согласност, ние може да ги префрламе вашите лични податоци до овие ресурси или сервери за складирање или обработување, исто така може да ги префрламе вашите лични податоци до даватели на услуги и деловни партнери од трети страни и соодветно, вашите податоци може исто така да се префрлаат во други земји или региони. Законите за заштита на приватноста на овие земји или региони може да се разликуваат и законодавството во кое овие глобални ресурси или сервери се наоѓаат може, но и не мора, да ги заштитува личните податоци според истите стандарди како вашето законодавство. Сепак, сѐ уште ќе се стремиме да бидеме усогласени со нашата политика за приватност за да ги заштитуваме вашите лични податоци и ќе ги следиме правните барања на земјата или регионот каде што се наоѓаат личните податоци за да се спроведат соодветното прекугранично префрлање, како и другото обработување на личните податоци.


Во случај да ги префрламе личните податоци надвор од вашето законодавство, без разлика дали се префрла кај нашите соработници или даватели на услуги од трети страни, ние ќе се придржуваме до соодветни важечки закони. Ќе преземеме соодветни безбедносни мерки и заштити за да се осигуриме дека сите такви префрлања ќе ги исполнуваат барањата на важечките локални закони за заштита на податоците.


VI.Вашите права околу вашите лични податоци

Како субјект на податоците, вие имате серија права околу вашите лични податоци, вклучително и право да потврдувате, исправате, бришете, повлекувате согласност и да поднесувате жалби (во понатамошниот текст именувани како „барање“). Ние целосно ги рабзираме и почитуваме вашите права и таквите права ќе бидат предмет на конкретни изземања и исклучоци согласно важечките закони. Ние исто така ќе преземеме активни чекори за обезбедување вашите права ефективно да бидат заштитени. Сепак, треба да разберете и да имате предвид дека поради безбедносни причини, можеби ќе треба да го потврдиме вашиот идентитет пред да го обработиме вашето барање. Во основа, ние не наплаќаме тарифа за вашето законско и разумно барање, но ќе наплатиме определена разумна тарифа за повторливи барања што го надминуваат разумното ограничување, таму каде што е применливо и врз основа на фактичките административни трошоци што ги дозволуваат важечките закони. Може да одбиеме барања што се неразумно повторливи, бараат претерани технички средства (на пример, да се развијат нови системи или фундаментално да се сменат постоечките практики), што претставуваат ризици за законските права на други лица или се екстремно непрактични или ги прекршуваат задолжителните законски одредби.


1.Право на потврдување и пристап

Ние ве известуваме како ги собираме и обработуваме личните податоци преку оваа политика или во вид на политика за приватност или на известување за конкретниот производ или услуга. Имате право да го потврдите или одбиете таквото обработување и собирање преку поле за штиклирање или со други методи. Сепак, откако ќе одбиете, некои функции што бараат ваше изречно овластување и согласност за користење може повеќе да не бидат достапни. Можете директно да пристапувате до личните податоци што сте ни ги обезбедиле во интерфејсот на нашите производи или услуги. За тие до коишто не можете да пристапувате, можете да испратите е-порака на privacy@transsion.com. Ние веднаш ќе постапиме во однос на тоа откако ќе ја примиме вашата е-порака.


2.Право на исправка и бришење

Кога вашите лични податоци ќе се променат или кога ќе дознаете дека вашите лични податоци што се собрани и обработени од наша страна се неточни или нецелосни, имате право да побарате од нас да извршиме исправки или додавања. Можете директно да поправате или изменувате дел од вашите лични податоци на соодветните страници за производот/функцијата на услугата. Кога вашите лични податоци што се собрани од наша страна ја исполниле целта за собирањето или кога повеќе нема да бидат потребни или кога ќе дознаете дека нашето собирање и обработување на вашите лични податоци ги прекршува одредбите од законите и прописите или од оваа политика за приватност, имате право да побарате од нас да ги избришеме соодветните лични податоци. За лични податоци што не сме ви ги обезбедиле вам со канал за исправка или бришење, можете да побарате истите да бидат поправени или избришани преку контактирање на privacy@transsion.com.


Сепак, во определени ситуации може да не го дозволиме вашето барање за бришење, на пример, доколку побарате од нас да ги избришеме вашите трансакциски податоци кога TECNO е законски обврзан да чува евиденција од трансакцијата за да биде усогласен со важечките локални закони. Исто така земете предвид дека ако побарате да се избришат вашите податоци од нашите производи и услуги, можеби нема веднаш да ги отстраниме соодветните податоци од системот за резервна копија поради некои важечки локални закони и технолошки ограничувања, но, безбедно ќе ги складираме вашите лични податоци и ќе ги изолираме од какво било обработување во иднина, сѐ додека не се ажурира резервната копија или додека таа не може да се избрише или да се направи анонимна.


3.Право на повлекување барање

За да ги постигнеме соодветните функции на нашите разни производи или услуги, ќе ги побараме неопходните лични податоци во согласност со важечките локални закони. Ова е опишано во делот „Како ги собираме и користиме вашите лични податоци“ на оваа политика. Можете да ја повлечете вашата согласност што претходно ни била дадена за определена намена преку бришење податоци, исклучување на функциите на уредот и барање за повлекување согласност, вклучувајќи го собирањето, користењето и/или обелоденувањето на вашите лични податоци што ги управуваме или контролираме. Ако методот на барање за повлекување согласност е јасно наведен во политиката за приватност или во напомената на конкретниот производ или услуга, следете го соодветно. Доколку не е наведено, можете да го испратите соодветното барање на privacy@transsion.com. Ние ќе го обработиме вашето барање во разумен временски рок откако ќе го испратите, а потоа нема да ги собираме, користиме и/или обелоденуваме вашите лични податоци во согласност со вашето барање.


Ако го повлечете вашето барање, можеби нема да можете да продолжите да ги добивате делумно и/или целосно придобивките од производите и услугите на TECNO. Повлекувањето на вашето барање или овластување нема да влијае врз важноста на претходните активности за обработување врз основа на вашата согласност.


4.Право на откажување на некоја услуга или сметка

Можете да кликнете на копчето „Поставки“ на некоја конкретна апликација доколку сакате да откажете некој конкретен производ или услуга или можете да контактирате со нас преку privacy@transsion.com.


Со ова ве потсетуваме дека доколку сакате да откажете определена услуга или сметка, таквото откажување може да спречи да користите дел од производите и услугите на TECNO и таквиот чин на откажување на сметката е неповратен. Откако ќе ја откажете вашата сметка, ние ќе ги избришеме вашите релевантни податоци или ќе ја отстраниме можноста за идентификување на истите.


5.Право на жалба

Имате право да поднесете жалба со тоа што ќе ни испратите е-порака на privacy@transsion.com. Ние ќе одговориме брзо по примање на вашата жалба. Ако сте незадоволни од нашиот одговор, особено ако нашето обработување на личните податоци ги нарушува вашите легитимни права и интереси, можете да ја упатите вашата жалба или да пријавите кај локалниот статутарен сектор за заштита на личните податоци или да поднесете тужба пред надлежен суд.


6.Право на контролирање на вашите поставки за приватност

Имате право да ги контролирате вашите поставки за приватност и да го ограничите нашето собирање, користење, обелоденување или обработување на вашите лични податоци преку таквите поставки за приватност, а подолу има неколку примери за контролата што ја имате врз вашите поставки за приватност:


(1)Изберете да се најавите или одјавите од вашата сметка на TECNO.


(2)Изберете да ги вклучите или исклучите функциите за програмата за корисничко искуство и пристап до локација.


(3)Вклучете или исклучете други услуги и функции што се однесуваат на чувствителните или личните податоци (на пример, отклучување со лице, заклучување со отпечаток од прст). Исто така, можете да добиете повеќе детали во однос на безбедносната состојба на вашиот уред во апликацијата TECNO Security.


Ако претходно сте се согласиле со нашето користење на вашите лични податоци за горенаведените цели, можете да ја смените вашата одлука преку контактирање со нас на privacy@transsion.com.


7.Права во определени законодавства

Особено согласно важечките закони на некои законодавства вие може да ги имате следниве права како субјект на податоци:


(1)Право на ограничено обработување. Имате право да побарате наше ограничување на обработувањето на вашите лични податоци. Ние ќе ја земеме предвид вашата основа околу вашето барање за ограничување. Ако основата е во согласност со важечките закони за заштита на податоците, ние ќе ги обработуваме вашите лични податоци согласно важечките околности во таквите закони и ќе ве известиме пред да се отстрани ограничувањето на обработувањето.


(2)Право на автоматизирано носење одлуки. Имате право да одбиете обработување врз основа на автоматизирано носење одлуки, вклучително и профилирање и друго автоматизирано обработување што може да има правни или слични последици врз вас.


(3)Право на преносливост на податоците. Имате право да аплицирате вашите лични податоци да бидат префрлени кај друг контролор на податоци во структуриран и вообичаено користен формат.


Имаме право да одбиеме да ги обработуваме вашите барања или да одговориме само на дел од вашите барања таму каде што важат исклучоци или кога на друг начин имаме право да го сториме тоа според важечките закони, на пример, некои барања се јасно неосновани или е очигледно дека се претерани или бараат обелоденување на податоци на трети страни.


VII.Како постапуваме со личните податоци на деца

TECNO ја разбира важноста од заштитата на личните податоци на децата, па затоа на децата под 14-годишна возраст или на таа возраст, како што е определено со закон во вашето законодавство (децата ќе ги дефинираме претежно врз основа на законите и прописите на земјата или регионот каде што се наоѓа нашиот бизнис затоа што законите на различните земји може да се разликуваат кога се дефинира возраста на децата) не им е дозволено да ги користат нашите производи или услуги без согласност и насоки од нивните законски старатели и кога таквата практика ќе биде дозволена од страна на соодветните закони и прописи. Во принцип, ние не им обезбедуваме услуги директно на деца, не ги собираме активно личните податоци на деца или не ги користиме личните податоци на деца за маркетиншки цели. Ќе ги собираме, користиме и обелоденуваме личните податоци на некое дете само со изречна дозвола и согласност од старателот на детето, до степенот што е дозволен со закон и кога собирањето на таквите податоци е навистина неопходно. Ако во кое било време на старателот му треба да пристапи до личните податоци поврзано со детето под старателство, да ги измени или избрише истите, контактирајте со нас преку методите што се опишани тука, а ние ќе одговориме навремено. Ако дознаете дека податоците на некое дете биле собрани од наша страна без знаење на законскиот старател, испратете ни е-порака на privacy@transsion.com за да контактирате со нас. Ќе ги отстраниме соодветните податоци колку е можно побрзо. Ако дознаеме дека сме ги собрале личните податоци на некое дете без претходна согласност на старател што може да се потврди, ние исто така ќе ја отстраниме и соодветената содржина колку е можно побрзо.


VIII.Даватели на услуги и услуги од трети страни

Кога ги користите производите или услугите на TECNO (што вклучува навигација на карта, говорна поддршка, видео плеер, чистење на системот и услуги поврзани со безбедноста, играње видеоигри, статистика, обработување на плаќање, филтрирање податоци итн.), може да добиете врски до веб-локации од трети страни или содржини и услуги што ги обезбедуваат трети страни различни од нас, а до некои производи или услуги на трети страни може да се пристапи во форма на SDK-а и на друг начин. Можете да изберете дали да ги посетите или прифатите веб-локациите, производите и услугите на третите страни по сопствен избор. Нашата политика за приватност не важи за производите и услугите што ги обезбедува каква било трета страна. Со оглед на тоа што не сме во можност во значителна мера да контролираме некоја трета страна, ние не сме одговорни за собирањето и обработувањето на вашите лични податоци од третата страна. Затоа, кога поднесувате какви било податоци до трета страна, внимателно прегледајте ја политиката за приватност на третата страна и внимателно постапувајте со вашите лични податоци.


IX.Дополнување и ажурирање на политиката

Го задржуваме правото повремено да ја ажурираме или менуваме оваа политика за да ги одразиме промените во нашиот бизнис, технологија и во важечките закони и практики. Во случај на каква било измена во оваа политика, ќе ве известиме за најновата политика преку официјалната веб-локација на TECNO https://www.TECNO.com или известувања на мобилен уред. Проверувајте ги нашата официјална веб-локација и известувањата на мобилниот уред за најновите ажурирања на оваа политика за приватност. Иако оваа политика за приватност може да се измени, вашите права согласно оваа политика нема да се намалат без ваша изречна согласност.


Ќе побараме ваша изречна согласност повторно, во согласност со важечките закони, пред да собираме дополнителни лични податоци од вас или кога ги користиме или обелоденуваме вашите лични податоци за нови цели. Вашето продолжување да ги користите производите и услугите на веб-локацијата, мобилниот и/или каков било друг уред, претставува ваша согласност со ажурираната политика за приватност. 


Содржините на производите или услугите на TECNO што се тука опишани може да се разликуваат согласно типот на производот што го користите, верзијата на вашиот систем или барањата на локалните закони и прописи.


X.Заеднички контролор

Shanghai Transsion Co., Ltd и CHONGQING TRANSSION COMMUNICATION TECHNOLOGY LIMITED се заеднички контролори заедно со нас и ние сме заеднички одговорни за обработувањето на вашите лични податоци. TECNO MOBILE LIMITED, Shanghai Transsion Co., Ltd. и CHONGQING TRANSSION COMMUNICATION TECHNOLOGY LIMITED ги преземаат одговорностите поединечно согласно важечките закони. Можете да контактирате со нас за повеќе детали во однос на заедничкото контролирање преку информациите за контакт во делот XI. „Како да контактирате со нас“.

XI.Како да контактирате со нас

Ако имате какви било коментари, прашања или загриженост во однос на нашата политика за приватност или во однос на практиките за заштита на личните податоци, контактирајте со нас преку:


Е-пошта: privacy@transsion.com (Напомена: Ова поштенско сандаче се користи исклучиво за примање пораки поврзани со нашата политика за приватност или со нашата заштита на личните податоци)


Ќе ги прегледаме вашите барања во однос на приватноста или личните податоци колку е можно побрзо и ќе ви одговориме 15 – 30 дена по потврдување на вашиот кориснички идентитет. Ако самото ваше барање вклучува каков било комплициран или значителен проблем, можеби ќе ви побараме повеќе информации.


Ако не сте задоволни од нашиот одговор, особено кога сметате дека вашите легитимни права и интереси биле нарушени од наша страна, можете да побарате правен лек од соодветното регулаторно тело за заштита на податоците во вашето законодавство. Ако се советувате со нас, ние ќе ви дадеме информации за соодветните канали за поплаки што можеби би биле применливи врз основа на вашите околности.


Ви благодариме за времето што го посветивте за читање на нашата политика за приватност!